628
Откако германската канцеларка Ангела Меркел ги повика македонските граѓани да излезат на референдумот за името на 30 септември и да ја искористат шансата која според неа им се нуди еднаш во животот, доби новинарско прашање зошто само преку закана за смена на името Македонија може да стане дел од ЕУ и НАТО.
-Ова не е закана и јас не сум за закани, ако има позитивен исход референдумот вие можете да станете членка на НАТО, а потоа и на ЕУ. Но, има предуслови. Имаше спор, мораше да се најде решение за тој спор. Затоа, прашањето на НАТО и решението на тој спор се многу тесно поврзани, бидејќи знаеме дека нема сите членки да гласаат за прием на вашата земја во НАТО, ако ова не биде решено, одговори Меркел.