Матичните лекари најавуваат протест: Дајте ни помош, повеќе од 80% од заразените се менаџирани од матичните лекари!

by fokus

Матичните лекари се спремаат да излезат на протест, поради како што велат игнорантскиот однос од страна на здравствените власти од почетокот на пандемијата со корона вирусот.

– Протестираме поради игнорантскиот однос и никаква поддршка од прв ден на епидемијата до денеска, ниту заштитна опрема, ниту дезинфициенси, ниту денар помош. Бараме итна помош во заштитна опрема и дезинфициенси. Бараме право да упатуваме на тестирање по наша проценка. Бараме да има член претставник од матичните лекари во Комисијата за заразни болести. Бараме стопирање на било какви “реформи” најавени за од први јули, невиден преседан среде пандемија. Исто така, протестираме поради срамните изјави дека не сме дел од јавно здравствениот систем. Повеќе од 80 проценти од инфицираните со Сарс-Kов-2 се менаџирани од матичните лекари! Секојдневната работа со која бевме натрупани и претходно е башка и е паралелна – вели доктор Ненад Лазаров, кој го најави протестот.

Поврзани новости