Од утре се отвораат аеродромите

by fokus

Утре, во 6 часот наутро од скопскиот аеродром ќе полета првиот авион на „Виз ер“ за Бремен, а првите патници во земјава ќе слетаат три часа подоцна од Истанбул.

Првиот лет на аеродромот во Охрид пак е во четврток, а таму набрзо треба да допатуваат и првите туристи од Холандија и Полска.

Патниците ќе треба да пристигнат на аеродром три часа пред летот, а заштитни маски мораа да носат постојано. На влез ќе ги дезинфицираат рацете, а на термална камера ќе се врши проверка дали имаат покачена температура.

Сомнителните случаи на Ковид 19 ќе завршат во собата за изолација, каде ќе има посебни медицински тимови.

Поврзани новости