Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески очекува до крајот на денот да заврши трансферот на предметите од СЈО во редовното обвинителство.
-Утринава е почнат процесот на преземање на предметите и до крајот на денот очекувам да заврши. Наредните денови ќе продложат техничките детали. Кој ќе постапува по нив, односно кое надлежно обвинителство и кои точно обвинители, дополнително ќе утврдиме. Тековните судски предмети можно е ден- два да се одложат, но ние ќе им дадеме приоритет на овие предмети, рече Јовески.
Тој рече и дека за нив „бомбите“ се докази и дека тие ќе продолжат да ги користат.
-Став на судовите е дека ги прифаќаат како докази и ние ќе ги предлагаме, рече Јовески.
Обвинителот прашан за тоа каде ќе одат обвинителите од СЈО, рече дека нивните функции мируваат, и очекува Советот на јавните обвинители брзо ќе го реши нивниот статус.
В.В.