И Кичеец останува уште 30 дена во притвор заедно со Боки 13

by fokus

Мерката притвор освен за Бојан Јовановски, се продолжува и за второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец, информираат од Кривичниот суд.

-Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, денеска ( 13.09.2019 ) постапувајќи по предлог на надлежниот Јавен обвинител за продолжување на мерката притвор против Б.Ј. и З.М.  донесе решенија со кои предлогот на обвинителството се уважува и мерката притвор се продолжува за нови 30 дена поради постоење на  причините од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје, се вели во соопштението на судот.

Поврзани новости