Јанева останува во куќен притвор, Апелација и ја одби жалбата

by fokus

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева останува во куќен притвор, бидејќи Апелациониот суд ја одбил нејзината жалба со која бараше да се брани од слобода.

-Жалбата е одбиена, односно потврдено е првостепеното решение, што значи дека обвинетата останува во куќен притвор, вели судијата Сафет Кадриу, за „Фокус“.

Ова значи дека и на наредното рочиште за случајот „Рекет“ закажано за 20 јануари, Јанева во Кривичниот суд ќе биде донесена со полициска придружба, од станот на нејзиниот син, во кој моментално престојува.

На наредното рочиште е предвидено да сведочи обвинителката Лиле Стефанова.

Во случајот „Рекет“ обвинет е и Бојан Јовановски, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

В.В.

 

 

 

 

 

Поврзани новости