Новиот тренер на Барса: Вчера шетав со крави во своето село, денеска ќе ги тренирам најдобрите фудбалери!

by fokus

Кике Сетиен денеска беше претставен на „Ноу Камп“ како нов стратег на тимот од Каталонија. Тој потпиша договор со клубот до 2022 година и најави атрактивен фудбал и позитивни резултати.

„Благодарен сум на оваа институција која ми ја понуди оваа можност да бидам овде. Ќе се обидам со голем ентузијазам да пристапам кон играчите. Вчера шетав со крави во своето село, денеска сум во Барселона и ќе ги тренирам најдобрите играчи во светот. Убеден дека брзо ќе се прилагодам на тимот“, порача Сетиен.

Поврзани новости