1
Аркин Јахиј од „Националната алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, и официјално е победник во денешниот втор круг од вонредните избори за градоначалник во Општина Брвеница.
Според официјалните податоци на ДИК, тој освои 265 гласа повеќе од Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Поточно Јахиј освои 4.442 гласа, а Радичевски доби 4.177 гласа.