Италија на прво место по бројот на починати од Ковид-19 во Европа

by fokus

Италија стана земја во Европа со најголем број смртни случаи како последица на ковид, со тоа што во изминатите 24 часа се регистрирани 462 смртни случаи.

Со тоа, бројката на починати од почетокот на епидемијата до сега се искачи на 74.621 луѓе.

Она што ги загрижува властите е што дневниот број на жртви остана висок и покрај новите мерки.

Министерството за здравство соопшти дека во Италија, во последните 24 часа има 22.211 новозаразени лица.

Италија започна вакцинација против коронавирус и приоритет се луѓето во домовите за стари лица и медицинскиот персонал.

Поврзани новости