Македонска дипломатка пронајдена мртва во стан во Менхетн

by fokus

Македонска дипломатка се самоубила на новогодишната ноќ во нејзиниот стан на Менхетн во Њујорк, објави Фокс њуз.

Таа била испратена во постојаната мисија во ООН, а пронајдена е од полицијата, без знаци на насилство.

Според изјавите на домарот на зградата, таа на четвртиот кат живеела сама две години.

– Тука живееше две години. Сите сме изнендени, беше симпатична и многу добра личност. Вчера доктори дојдоа горе, со амбулантно возило– изјавил Хернан Авила, домарот во зградата за Фокс њуз.

Медиумот наведува дека од официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела таа, засега не добиле одговор.

Поврзани новости