706
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, вели дека доколку цената на струјата за домаќинствата нема да поскапи, тоа ќе значи дека од државниот буџет ќе се покрие загубата на компаниите.
-Ако струјата што ја трошиме не ја плаќаме преку цената, државата од буџетот ќе ја покрие загубата на компаниите кои ја произведуваат или увезуваат. Владата од јавноста ги крие податоците за износите на загубите, вели Хајредини.
Денеска пак министерот за економија Крешник Бектеши најави дека цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми од 1 јануари, но за не повеќе од 10%.