Русија ни го честиташе „Св. Климент Охридски“, а Бугарите им се налутија

by fokus

На братскиот македонски народ му го честитаме државниот празник – денот на Свети Климент Охридски, големиот просветител, првиот словенски епископ, еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазици, напишаа на твитер од руската амбасада во земјава.

Оваа честитка наиде на „нож“ во Бугарија.

-За жал, имаме уште една руска провокација, која има за цел да забие клин меѓу Бугарија и Северна Македонија и да ја искриви вистината до крајно невозможен степен, изјави за „Бгнес“ професор Пламен Павлов, еден од најголемите познавачи на бугарската и балканската средновековна историја, реагирајќи на честитката на амбасадата на руската федерација во Скопје.

Професорот Павлов вели дека сите историски извори – биографии и други документи – јасно говорат за, како што вели, неговата бугарска припадност.

Поврзани новости