(ВИДЕО)Хаџи- Василева: Ќе докажеме дека соѕиданите 350.000 евра се на судијата Ристов

by valentina 14:18
14:18

По поднесеното обвинение за судијата Ѓоко Ристов, обвинителката Искра Хаџи Василева истакна дека пред суд ќе докажат дека парите кои беа најдени  во семејниот дом на судијата се негови, и дека самиот ги сокрил во ѕидот.

Обвинителката остакна дека Обвинителството поднесе обвинение против сега обвинетиот Ѓоко Ристов за кривичните дела Против правно стекнување и прикривање имот и Перење пари. Таа истакна дека е уверена дека пред судот ќе ги докажат кривичните дела.

В.В.

Слични вести