Се подготвува ново барање за екстрадиција за поранешените тајни агенети на УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски. По, смената во ресорот правда, министерката Рената Десковска во емисијата на „Топ Тема“ на Телма вели дека овој пат нема да бие протоколарно и барањето ќе содржи контраргументи на одбраната на бегалците околу аболицијата и нејзиното повлекување од претседателот Ѓорѓе Иванов, и дека таа била спроведена спротивно на уставот, објави Телма.
Горан Грујевски и Никола Бошковски во Грција се слободни граѓани кои летото ќе го поминат во Грција, бидејки водат постапка за барање за азил пред грчките служби. Во Македонија се осомничени за нелеглано прислушување и уништување опрема и документи на управата за безбедност и контраразунавање. Мината есен беа уапсени на солунскиот аердором со фалсификувани бугарски пасоши.