Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, синоќа во емисијата 24 анализа, истакна дека го интересира што барал вицепремиерот Артан груби, заедно со 20-на партиски членови, да шета кај изгорената модуларната болница во Тетово, уште следниот ден по трагедијата, истакнувајќи дека истрагата сe уште траела.
Вицепремиерот Груби, пак, во изјава за „Фокус“ вели дека Села ја злоупотребува трагедијата за политички поени и го прашува зошто тој не бил таму за да помогне.
-Првото прашање што граѓаните го поставуваат е дали Села го прашал Христијан Мицкоски зошто бил во Собранието на 27 април штом веќе го уверил дека нема потреба да му се извинува за претепувањето и дали им објаснил на своите гласачи зошто Стокхолмски го променил ставот во однос на ВМРО-ДПМНЕ?
Второто суштинско прашање е зошто тој не бил во Тетово, не направил апсолутно ништо за да помогне и затоа ја злоупотребува трагедијата и болката на семејствата за површни полтички предизборни поени, ни изјави Груби.
Села, пак, синоќа истакна дека местото на трагедијата требало да биде забрането за останатите, освен за истражителите.
-Кога зборуваме за истрагата, дали тоа значи дека со самиот пристап внатре во забрането место, каде се ставаат ленти и каде не смее никој да има пристап, да има фотографии каде тие се присутни внатре. Дали ова оневозможува на истражителите да ја откријат причината за пожарот? Дали некои од тие 20 може да фрли нешто за да служи наводно како доказ дека се најде причината за пожарот?, коментираше Села.
Валентина Вурмо