Само вакцинирани дипломати ќе присуствуваат на Генералното собрание на ОН

by fokus

Сите дипломати кои ќе присуствуваат на седницата на Генералното собрание на ОН следната недела ќе треба да покажат доказ за вакцинација против коронавирусот во согласност со правилата што важат во Њујорк.

Во писмо до претседателот на Генералното собрание, Абдула Шахид, на 9 септември, властите во Њујорк наведоа дека сите присутни во седиштето на ОН ќе треба да покажат доказ за вакцинација против Ковид-19. Градските власти велат дека салата на Генералното собрание на ОН е конвенциски центар што подлежи на истите правила како и повеќето затворени простории во Њујорк.

На седницата од 21 до 27 септември се очекуваат дипломати од целиот свет, иако некои ќе бидат онлајн.

Поврзани новости