426
Возачите полека да се движат барем до зимскиот пункт во велешкиот дел кај Пуста кула и да не го продолжуваат патувањето кон Скопје туку да останат таму, во пунктот, бидејќи состојбата е иста долж целата автопатска делница од Велес до Скопје, велат од Службата за информирање на АМСМ за реакциите дека стотина возила со часови се заглавени на патот Велес-Скопје, пишува порталот Дума.
Заглавените граѓани се жалат дека патот не е прооден.
– Изложени сме на вистинска меќава и бараме помош. Не можеме да добиеме информации од „Македонија пат“ како да се извлечеме од ситуацијата, реагираат тие.