405
Покрај тоа што власта потроши околу 600 милиони евра за проектот „Скопје 2014“, и понатаму не запира трошењето на народни пари за овој проект. Град Скопје ќе потроши дополнителни 54.000 евра, но овој пат не за набавка на нови скулптури, туку за чување и складирање на модели од скулптури.
Најновиот тендер Град Скопје го склучил на 27 јули, а во четвртокот беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки. Тендерот го доби Акционерското за вршење услуги МЗТ ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ АД Скопје, кое ќе има обврска овие модели да ги чува во период од две години.