Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека огромен број од починатите од Ковид-19 имале други хронечни болести.
-Огромен процент од пациентите имале тешка форма на некоја друга хронична болест, над 85% се со коморбидитети. Голем дел многу доцна доаѓаат во болница, рече министерот Филипче.
На прашањето, што е со шпекулациите дека дел од пациентите починале од други болести, но биле заведени дека се починати од Ковид-19, министерот истакна, дека тоа е така, но од самиот почеток доколку пациентот имал позитивен тест, тогаш се запишува дека починал од корона вирусот.
-Тоа е навистина така, но ние останавме доследни, односно објавување на сите пациенти, кои иако имале сериозна болест, а сепак биле заболени од Ковид-19, истакна Филипче.