ЦЈЗ Прилеп: Досега ситуацијата со корона вирусот во Крушево беше мирна и под контрола

by Fokus

Градот Крушево е еден од ретките во Северна Македонија кои се без голем број на заразени од новиот опасен корона вирус.

Од Центар за јавно здравје-Прилеп порачаа дека состојбата во овој град била мирна и ставена под контрола, освен двата нови случаи од изминатата седмица.

„Во Крушево е стабилна и мирна состојбата со корона вирусот. Новите два случаи не се поврзани меѓусебно и тие се единствените активни случаи од почетокот на пандемијата“, ни посочија од ЦЈЗ Прилеп.

Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, во Крушево се регистрирани 22 позитивни случаи, а двајца ја изгубија битката со болеста.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости