358
Се урна болнички авион во Америка, пет лица загинааОбјавено пред 2 минути – 25 февруари, 2023Од Макфакс
Пет лица загинаа, меѓу кои пациент и медицински персонал, при уривање на болнички авион во американската сојузна држава Невада.
Несреќата се случила околу 21 часот и 15 минути во петокот вечерта, кога диспечерскиот центар на округот Лион почнал да добива бројни повици за можна авионска несреќа во близина на Стејџкоач, Невада, на околу 70 километри источно од Рено, пренесува Еј-Би-Си Њуз.