Собранието во овој состав и по ваква референдумска одлука нема легитимитет да носи одлука. Наша обврска е да констатираме дека не се создаени уставни причини за измени на Уставот, истакна пратеникот Илија Димовски на денешната собраниска седница.
„Прв проблем е моментот на преговори каде што немаше вклучено ниту еден преставник од опозицијата. Потпишувањето на договорот со Грција не го следеше потпишувањето како договорот со Бугарија. Владата сама одлучи како ќе се одвива референдумот, без да биде запознаен некој од опозицијата. Не смееме да се удираме во ѕид, да викаме дека нема друга алтернатива. Правецот е НАТО и Европска унија. И од сите 120 пратеници сите се со исто размислување, но како да го постигнеме тоа, е за тоа имаме различни ставови – истакна Димовски.
Тој додава дека договорот потпишан од Нивици не го заштитува државниот и национален интерес.
„Тоа што владата одлучила да оди надвор од тој мандат не е вина на Собранието, ниту на пратениците од ВМРО, а ниту на тие од СДСМ. За мене не прифатлива промената на член 49 од Уставот на Македонија. Македонија треба да се грижи и за иселениците надвор од Македонија. Таа измена во Уставот ќе значи сериозно поместување на Македонија да помага и на едните и на другите граѓани – додава Димовски.
Врз база на искуството повикувам ова Собрание да констатира дека овој предлог е неприфатлив и да се врати на документите од 2008 година. Тоа е единствениот начин како Република Македонија да продолжи понатаму. Не сакам да нафрлам вина, ниту некој да чувствува вина. Не сакам минатото да нуди залог за иднината. Единствено што треба да правиме е да се грижиме за иднината. Пријателство со Република Грција ни е потребно, но најпрвин ни е потребн пријателство во Македонија. Потребно ни е разбирање со Република Грција, но прво ни е потребно во Македонија – тврди Димовски.