775
Талат Џафери му реплицираше на пратеникот Димитар Апасиев, на коментарот дека за него тој е Че Гевара.
-Ќе прифатам дека сум Че Гевара, ако вие се согласите да бидете Фидел Кастро, му рече Џафери.
Апасиев претходно кажа дека за него Џафери е Че Гевара, зошто како што рече, од герила дошол директно на власт. Тој потенцираше и дека нема да гласа за негов избор за претседател на Собранието.