Даштевски: Партиите и медиумите да се стрпат до 19.30 часот, гласањето се уште не е завршено

by fokus

До 19.30 часот медиумите и политичките партии да се стрпат и да не објавуваат првични резултати од гласањето, истакна на вечерашната прес коференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Тој појасни дека иако според Избирачкиот Законик вратите треба да се затворат во 19 часот, сепак ќе се дозволи сите граѓани кои во 19 часот влегле и се наоѓаат на избирачките места да го остварат своето избирачко право.

-До 19.30 ќе го остварат своето право да гласаат, така што сметаме дека ова е најдоброто решение, рече Даштевски.

Даштевски, информираше дека резултатите ќе бидат внесени директно од избирачките места за првпат во историјата и ќе бидат достапни на веб-страницата на ДИК за Локалните избори 2021.

– Сега би одел со излезноста. Што се однесува до излезноста на 2.785 избирачки места процентот е 79,25. Вкупен број на запишани избирачи на тие места е 1.415.409, вкупен број на избирачи кои гласале на тие места од кои пристигнале податоци е 697.637, а процентот на избирачи кои гласале во изборните места од кои пристигнале податоци е 49,29, изјави Даштевски.

Поврзани новости