Помал одзив од пoследните локални, но поголем од парламентарните избори

by Фокус

Излезноста на гласачите на денешните локалните избори до 18:30 часот достигна 48,96 проценти, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија.

Земено по општини, најголема излезност е регистрирана во Макеоднски Брод од 76, а најмала во Боговиње од 27,25 отсто.

Инаку, првичните резултати добиени по електронски пат од општинските изборни комисии се објавуваат сукцесивно.

Заклучно со претходниот пресек во 17 часот, правото на глас го искористиле 41,39 отсто од запишаните избирачи.

Споредено со претходните локални избори во 2017 година, тоа е помал одзив за 8 отсто, со оглед дека пред 4 години до 17 часот на гласање излегле 49,14 отсто од запишаните гласачи.

Но, ако се направи споредба со одзивот до 17 часот на последните парламентарни и претседателски избори, произлегува дека денеска има поголема излезност.

Имено, на претседателските избори во 2019 година, заклучно со 17 часот, правото на глас го искористиле 35,13 отсто од избирачите, а лани на предвремените парламентарни избори, во истиот временски интервал, на гласање излегле 38,78 отсто од избирачите.

Поврзани новости