Борисов прв го пречека Заев во Бугарија

by fokus

Премиерот Зоран Заев, кој денеска е во посета на Софија, утрово се сретна со раководството на партијата ГЕРБ и со нејзиниот претседател Бојко Борисов.

– Работната агенда во Софија ја почнавме со раководството на ГЕРБ и мојот пријател Борко Борисов. Разговаравме дека е многу важно да овозможиме младите генерации да имаат дијалог и разбирање. Не смееме да дозволиме младите да ни се замразат, напиша Заев на „Твитер“.


Премиерот Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи престојуваат во работна посета на Софија со цел да се интензивираат напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија.

Од владината прес-служба соопштија дека премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во земјата.

Поврзани новости