19-годишник излетал со „хонда“ на обиколница, го пробил браникот и удрил во бетонска ограда

by fokus

19-годишник со иницијали Д.Г. од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола над возилото „хонда сивик“ кое го управувал синоќа возејќи по скопската обиколница. Сообраќајната несреќа се случила околу 22.00 часот синбоќа во близина на селото Стајковци, кога Д.Г. излетал од патот и завршил во бетонска ограда.

„Патничко моторно возило „Хонда сивик“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.Г.(19) од Скопје излетало од патот и удрило во метален браник и бетонска ограда. По незгодата, со возило на Итна медицинска помош, возачот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани новости