698
Деветнаесет-годишната Аријана Сефери по потекло од Гостивар, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, која се случила вчера околу 17.40 часот во Италија, на патот што ги поврзува Виларота и Луцара. Како што јавуваат италијанските медиуми, девојката била во автомобил “фиат браво“ заедно со својот татко, кога се судриле со друг автомобил „фиат мултипла“, по што излетале од коловозот.
Il Resto del Carlino пишува дека Аријана била пренесена во болница со возило на Итна помош, но им подлегнала на повредите. Нејзиниот татко завршил со сериозни повреди, но е надвор од животна опасност.