Пораки меѓу четворица од обвинетите во “Монструм” меѓу доказите на СЈО

by fokus 11:46
11:46

Компјутерите на Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сејди Рами, Фејзи Азири и на уште 15 лица, кои за разлика од првите четворица не се обвинети во случајот “Монструм” биле вештачени неполн месец по петкратното убиство, а се со цел да се приберат докази поврзани со масакарот.

Според наредбата на тогашниот истражен судија, вештаците во МВР требало да ја утврдат интернет комуникацијата на овие лица, поврзана со петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година кај Смиљковското Езеро.

- Advertisements -

Сепак во судница не беше кажано четворицата обвинети  со кого и што зборувале, и дали има пораки кои се поврзани со петкратното убиство. Вештакот појасни дека тие не се надлежни за анализата на содржината на пораките, но сепак потенцираше дека пронајдените пораките од имаил и чат комуникација биле зачувани и предадени во извештајот, кој бил предаден во обвинителството и во судот.

Од СЈО појаснуваат дека нив им е позната содржината на пораките, за која ќе се произнесат во фаза на завршен збор.

Наредното рочиште е закажано за 10 декември, кога ќе свдочат вештаци од Судска медицина, кои во детали ќе ги образложат смртоносните повреди кои им биле нанесени на момчињата и рибарот.

В.В.

Поврзани новости