18-годишник се бори за живот откако бил прегазен на Рузвелтова

by fokus

На улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје вчера околу 18.00 часот бил прегазен 18 годишниот Б.Н. од Скопје кога во него удрил 72-годишниот скопјанец со иницијали К.А., кој управувал со возило „Мазда 6“.

Како што информираат од полицијата веднаш по незгодата, пешакот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники Мајка Тереза. На Б.А. му се констатирани  тешки телесни повреди (фрактура на главата) и според полицијата се наоѓа во животна опасност.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости