Жалбите за притворот на Чавков и Дурловски денеска ќе се разгледуваат во Апелација

by fokus

Жалбите за притворот кои ги поднеле екс министерот Митко Чавков и оперскиот пејач Игор Дурловски, како осомничени за насилството во Собранието што се случи на 27 април, денеска ќе се разгледуваат на јавна седница во Апелациониот суд.

Тие бараат притворот да им биде укинат.

Апелациските судии треба да донесат одлука за жалбите за вчерашните јавни седници. Вишото јавно обвинителство вчера побара да му се укине притворот и да му се определи поблага мерка на актерот Владо Јовановски, исто така осомничен за крвавиот четврток.

Поврзани новости