571
Осумнаесетгодишна девојка била претепана и изгубила свест од три лица, на кои наводно им должела пари, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 16,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Виа Игнациа“ во домот на М.Д., каде што била и К.Т. (18) во еден момент во станот дошле лицата, П.К., Д.К. и А.З. повикани од лице кон кое што наводно К.Т. имала долг од 500 евра, и физички ја нападнале со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото, од што во еден момент таа изгубила свест, а лицата го напуштиле местото на настанот. На К.Т. и била укажана лекарска помош во Градската општа болница “8-ми Септември“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.