168 новозаразени и без починати лица во изминатите 24 часа

by fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (168), регистрирани се 28 реинфекции.

Регистрирани сe 90 оздравени пациенти од: Скопје – 59, Куманово и Битола – по 7, Охрид – 5, Кавадарци и Штип – по 3, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Кичево и Ресен– по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

 

Поврзани новости