Блокирана улицата пред Собрание, демонстрантите излегоа и покрај ниските температури

by fokus

Полека се собираат демонстрантите од „Македонија блокира“ и „Тврдокорните“ пред македонското Собрание и покрај ниските температури. Околу стотина демонстранти се присутни пред законодавниот дом да го искажат незадоволството против уставните измени.

Улицата пред Собранието е блокирана за сообраќај, на едната лента се демонстрантите, а на другата полицискиот кордон.

Некои од нив се загреваат со црвено вино.

Ј.Ц.

 

Поврзани новости