166 казни за брзо возење

by Fokus

Вчера Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 166 возачи.

Од нив, 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости