Седум лица се повредени во сообраќајка која се случила вчера попладнето на улицата „Драчевска“ во Скопје. Според информации од полицијата се судриле патничко возило „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник и патничко возило „Форд Галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот В.А., двајцата од село Студеничани, скопско.
Најлошо во судирот поминал малолетникот кој се здобил со тешки телесни повреди. Во „фородот“ се превезувале уште пет лица на возраст помеѓу 32 и 79 години, сите од селото Студеничани и сите се здобиле со телесни повреди.
Со две други возила и возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, велат од полицијата.