Случајни минувачи тепани со клоци и боксови во близина на Клинички центар

by fokus

Четворица насилници со клоци и тупаници тепале случајни минувачи во близина на излезот од Клинички центар.

Инцидентите биле пријавнеи во полиција синоќа по полноќ околу 04.00 часот. 33-годишниот Е.Д. и В.К. независно еден од друг, пријавиле дека истиот ден околу 03.00 часот пред ноќен бар на ул. „50-та Дивизија“ биле физички нападнати од страна на четири непознати лица. Лицата ги удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, по што побегнале во непознат правец.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости