Легендарниот фолк пејач Пепи Бафтировски пред 16 години на денешен ден почина во Чикаго, Америка. Музичарот ја изгуби битката со рак на белите дробови на 66 годишна возраст, само пет години откако заедно со сопругата Ава Керш, со ќерката Марина и синот Емил замина во потрага по подобар живот во туѓина.
Но, како што во повеќе интервјуа за „Фокус“ раскажуваше Ава, уште по пристигнувањето во Америка, Пепи тешко го доживеал привикнувањето на живот во туѓа земја. По неколку години тие се разделиле, но крајот на неговиот живот останале блиски.
Како причина за разводот кој им се случи една година пред Пепи да почине, таа ги наведе проблемите кои ги донел новиот начин на живот и одбивањето на Пепи да се привикне на новата средина.
Иако и мене ми беше многу тешко, сепак морав да се привикнам на се поради децата и нивната иднина – ни изјави Ава веднаш по нивниот развод. Во бракот тие ги добија
– Иако и мене ми беше тешко, сепак морав да се привикнам на се, најмногу поради децата и нивната иднина, раскажуваше таа.
Денес, Ава се уште се занимава со музика и танц, но исто така веќе подолг период работи како координатор во онколошкиот институт Loyola University, за научни испитувања на канцер. Нивните ќерка и син се возрасни и самостојни личности.
Во 2018 година, по повод една деценија од смртта на Пепи, таа организираше хуманитарен концерт во негова чест, во црковната сала Свети Кирил и Методиј, во Илиноис. Собраните средства ги донираше на црквата Свети Кирил и Методиј во Чикаго, и тогаш ни изјави дека таа црква направила многу за нив, кога им била потребна помош, и на Пепи му го ветила тоа пред да почине.
Денес, 16 години по смртта на легендарниот пејач, кој зад себе остави ризница од хитови, како „Заветна“, „Сине мој“, „Ако згрешам нека изгорам“, „Друга љубов не сакам“, се уште се слушаат, а пак „Заветна“ која ја отпеа пред околу 33 години, стана еден вид на неофицијална химна на земјата.
За оваа патриотска песна стиховите ги напиша Георги Барбаровски, а музиката е на неговиот брат Миле Барбаровски. Истата била напишана во 1987-1988 година, а изминативе години ја обработија повеќе наши музичари.
Каролина Гочева, Андријана Јаневска и Игор Дурловски, Бојана Скендеровски, Игор Џамбазов и Гуру Харе… се дел од пејачите кои ја оживеаја оваа антологиска песна.
Уште кога пред повеќе години во етерот се појави верзијата на Гочева, Ава Керш ни изјави дека никој од тимот на Каролина не побарал дозвола од семејството за обработка на песната, но сепак таа се радувала што песните на Пепи живеат и што млади и талентирани пејачи ги пеат.
Вики Клинчарова