50
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас, 13 мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.