663
Во изминатите 24 часа починати се 15 лица заразени со корона вирус. Четири пациенти од Скопје (47, 58, 81 и 56г), еден од Куманово (35г), двајца од Струга (75 и 64г), еден од Велес (70г), двајца пациенти од Битола (70 и 56г), еден од Охрид (80г), еден од Кавадарци (73г), еден од ПЕ Гевгелија/ Богданци (63г), еден пациент од Крива Паланка (65г) и еден пациент од Неготино (67г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82794, бројката на оздравени пациенти е 60706, на починати е 2488, а бројот на активни случаи изнесува 19600.