Шилегов: Адвокатското друштво Шилегов ми плаќаше мене, нема јавни пари кои оделе кон друштвото

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека лага е дека Град Скопје имал договор и му плаќал пари на адвокатското друштво Шилегов и партнери.

-Нема никаква соработка меѓу Градот Скопје и адвокатското друштво Шилегов и партнери. Постои договор меѓу адвокатското друштво и Петре Шилегов од 2015 година со кој адвокатското друштво му плаќа на Шилегов. Нема јавни средства кои одат кон адвокатското друштво. Антикорупциска рече дека не смеам ни тоа да го правам, јас не мислам така, но ја прифатив одлуката на Антикорупциска. Никогаш Градот нема исплтено еден денар на мојата фирма. Мојата фирма ме исплаќаше мене и тој договор не го криев, го имам пријавено. Сега го прекинав. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ќе си добие тужба зашто не е во ред да се лажат граѓаните, рече Шилегов.

 

Поврзани новости