533
Мајката која ја принудуваше малолетната 14-годишна ќерка на сексуални услуги доби 15 години затвор, а екс полицаец кој учествувал во чинот заработи казна од 18 години затвор.
Ова е одлуката на скопскиот Апелациски суд.
Мајката призна дека ја запознала ќерката со полицаецот и ја носела во неговата куќа, каде тој вршел полови дејствија врз девојчето, а за возврат мајката добивала 2.000.
Вината ја призна и екс полицаецот.
Судот констатираше дека поради сериозноста на кривичното дело максималната казна е 20 години, но поради признанието, казната е 18 години затвор.