Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

by fokus

На 17 март, со потпишувањето на два договори за купопродажба на акции меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светската банка, се постави основата за промена на составот на главната акционерска база на ProCredit Holding AG & Co. KGaA (ПроКредит Холдинг).

Според договорите за купопродажба, ЕБОР ќе купи од ИФЦ 9,9 проценти од акциите во ProCredit General Partner AG, единствениот генерален партнер на ПроКредит Холдинг, и преостанатите акции на ИФЦ од 5,06 проценти во ПроКредит Холдинг.

По завршувањето на трансакцијата, ЕБОР ќе го замени ИФЦ како главен акционер на ПроКредит Холдинг и ќе поседува 8,7 проценти од нивниот акционерски капитал. За да се заврши купувањето на акциите, потребно е да се исполнат претходни услови, вклучувајќи го и добивањето на регулаторни одобренија каде што е применливо.

Со тоа што ќе стане главен акционер, ЕБОР има намера да го поддржи ПроКредит Холдингот во неговата трансформација во акционерско друштво според германскиот закон (Aktiengesellschaft), а истовремено, задржувајќи ја својата ориентираност кон остварување одржливост и позитивно влијаниево општеството. ЕБОР, исто така, планира да го поддржи ПроКредит Холдинг во управувањето и стратегијата, и ќе соработува со ПроКредит Холдинг во натамошното развивање на активностите за борба против климатските промени и во усогласувањето на неговите деловни и финансиски текови со целите на Парискиот договор.

Влегувањето на ЕБОР во кругот на главни акционери дополнително го зајакнува пристапот на Групацијата ПроКредит кон бизнисот, особено нејзината посветеност да биде ориентирана кон остварување позитивно влијание во животната средина иопштеството и да обезбеди одговорни банкарски услуги со фокус на Југоисточна и Источна Европа.

Хуберт Спехтенхаузер, Претседател на Управниот одбор на ProCredit General Partner AG, изјави:

„Ни претставува огромно задоволство што наскоро ќе можеме да ѝ посакаме добредојде на ЕБОР, која нè придружуваше долги години како финансискипартнер, а од 2018 година, и како акционер, и да ја вклучиме во кругот на нашите главни акционери и стратешки инвеститори.

Нè обединува страста за Југоисточна и Источна Европа и за малите и средни претпријатија кои придонесуваат за развојот на економиите во регионот, како и убедувањето дека економскиот развој треба да биде одржлив и да не ја нарушува животната средина. Одлуката на ЕБОР да го поддржи нашиот натамошен институционален развој додека ја задржуваме нашата ориентација кон одговорно делување, како главен акционер испраќа силен позитивен сигнал до целата Групација ПроКредит.

Денешниот ден, исто така, претставува можност да му се заблагодариме на ИФЦ за поддршката на развојот на Групацијата како главен акционер уште од самиот почеток и ни претставува големо задоволство што ќе продолжиме да работиме заедно“.

Франсис Малиж, Генерален директор на Групата за финансиски институции на ЕБОР, изјави:„ПроКредит е еден од нашите најценети партнери во поддршката на развојот на малите и средни претпријатија во 10 земји од Централна и Југоисточна Европа каде што работиме. Заедно обезбедивме повеќе од 1 милијарда евра финансиски средства за локалните бизниси, кои се клучни создавачи на работни места во повеќето економии, за да помогнеме да се подобри нивниот пристап до финансии. Со оваа трансакција одбележуваме уште една значајна  пресвртница во историјата на ПроКредит, банка која ги содржи малите и средните претпријатија во својата ДНК.Со нетрпение очекуваме заедно да направиме уште повеќе за позелен, посилен и издржливсектор на мали и средни претпријатија во нашите региони“.

„Успешниот раст на ПроКредит и влијанието што го имаше врз своите клиенти во изминатите две децении е доказ за нејзината фокусирана стратегија и истрајноста на нејзиниот менаџерски тим“, изјави Томаш Телма, Глобален директор во Групата за финансиски институции на ИФЦ. Од основањето на своите први банки во 1998 година, ПроКредит Холдинг се трансформираше во регулирана банкарска групација фокусирана на мали и средни претпријатија што котира на берзата во Франкфурт, проширувајќи ги своите услуги за мали и средни претпријатија во 12 земји. Со задоволство ги очекуваме сите следни активности на ПроКредит во насока наконтинуирана поддршка на малите и средните претпријатија и одржлив развој во целиот регион“.

Останатите главни акционери на групацијата се Zeitinger Invest, DOEN Participaties, Kreditanstalt für Wiederaufbau (KfW) и ProCredit Staff Invest. За дополнителни информации, посетете ја веб-страницата: www.procredit-holding.com.

ПР текст

Поврзани новости