15.413 новозаразени од корона вирус во Индија за еден ден

by fokus

Бројот на заразени со корона вирусот во Индија денеска надмина 400.000, откако во последните 24 часа се потврдени уште 15.413 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број заразени достигна 410.461, а уште 306 лица починаа во последното деноноќие, така што вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата е 13.254, пренесува Си Ен Ен.

Индија веќе четврти пат бележи рекорден број на новодијагностицирани за еден ден.

Земјата е на четвртото место во светот по бројот на пациенти, по САД, Бразил и Русија.

Поврзани новости