Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.592 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 101, Прилеп – 12, Битола – 10, Велес и Струмица – по 8, Кавадарци, Куманово и Охрид – по 7, Ресен – 6, Штип – 4, Гевгелија, Демир Хисар и Неготино – по 3, Богданци, Делчево, Кичево и Пробиштип – по 2, Дебар, Кочани и Крива Паланка – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (46г, 58г и 89г), по 2 починати лица од Прилеп (73г и 80г) и Охрид (59г и 88г), по едно починато лице од Берово (53г), Струмица (65г), Битола (80г), Кавадарци (80г), Куманово (83г), Ресен (88г) и Кичево (91г). Од пријавените, 13 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Регистрирани сe 193 оздравени пациенти од: Скопје – 78, Кавадарци – 20, Битола – 18, Прилеп – 14, Куманово – 12, Охрид – 10, Велес – 7, Делчево – 5, Штип, Гевгелија и Кратово – по 4, Струга, Неготино, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Тетово, Гостивар, Кичево, Ресен, Берово, Виница, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.