14 лица починаа од корона вирус во изминатото деноноќие

by fokus
Во последните 24 часа од корона вирус починати се 14 лица: тројца пациенти од Скопје (51, 60 и 83г), тројца од Куманово (65, 71 и 53г), еден пациент од Дебар (80г), двајца од Прилеп (55 и 56г), еден од Тетово (63г), еден од Велес (65г), еден од Струмица (68г), еден од Радовиш (72г) и еден пациент од Кратово (75г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28697, бројката на оздравени пациенти е 19771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7963.

Поврзани новости