„Трите деца имале дијабетес тип 1, но оние кои што медицински ги третирале едноставно тоа првично не го утврдиле па ги лекувале така како што ги лекувале: во моментов четиригодишното и дветгодишното дете се вон животна опасност со претуркани тешки форми на кетоацидози, додека 14 годишното дете од Охрид е се уште во кома и во тешка здравствена состојба сместено е на КАРИЛ – кома центарот за реанимација и интензивна нега при Клинички Центар . И затоа пред да продолжиме да го кажеме она што нужно ќе го кажеме околу овој стравичен случај на човечка но пред се и системска катастрофа што ја преживува секој обичен македонски граѓанин, ве замолуваме макар за миг длабоко од срцето да упатиме позитивна мисла, молитва или што и да е за спас на овие за сите нас скапоцени но за неписмениот систем и институциите очигледно наметнати жртви! – се наведува во соопштението од Асоцијацијата.
Од таму објавуваат дека ќе тргнат во безпоштедна борба со сета неписменост за оваа воопшто неретка болест.
„Во Македонија 180.000 лица боледуваат од дијабетес а ние не знаеме што е дијабетес, ниту ја препознаваме неговата симптоматологија!?! Страшно! Бараме Министерството за здравство во рок од 48 часа да го истражи случајот и сите одговорни за трагедијата со трите деца да бидат соодветно нормативно процесуирани, вклучително и кривично. Бараме медицинската фела, конечно и неотповикливо, наместо лигавеење пред политичко-бизнисменските номенклоатури да се дигне во одбрана на сопствениот човечки и стручен интегритет, но и во одбреана на јавното здравје, оти ако сами за себе еднаш засекогаш некажат дека се луѓе а не мивки, тогаш нека не очекуваат дека тие што им даваат плата ќе ги третираат поинаку. Или дека граѓаните ќе треба тоа да им го верификуваат – продолжува понатаму во соопштението.