Охридскиот рамковен договор беше потпишан на денешен ден, пред 14 години во Скопје и преставуваше политички документ за решавање на тогашната криза во Македонија.
Документот го потпишаа претседателот на Македонија Борис Трајковски и лидерите на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери. На потпишувањето на документот присуствуваа и високи меѓународни претставници.
Дел од основните принципи на Рамковниот договор
-Целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели. Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија.
-Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања.
-Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот.