131 лице загина во земјотресот во Индонезија

by fokus

Бројот на мртви лице во силниот земјотрес што го погоди индонезискиот остров Ломбок, се искачи на 131, а над 150 илјади лица го напуштиле ова место.

Земјотресот бил со јачина од 6.9 степени по Рихтер, предизвикувајќи паника кај жителите и туристите.

„Загинаа 131 лице, а 1477 се потешки повредени, додека пак 156 илјади се раселија“, порача порпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Сутопо Пурво Нургрохо.

Поврзани новости