Во предградијата на Чикаго распоредени се стотици дополнителни полицајци поради зголеменото насилство, откако за време на викендот во пукотници се убиени најмалку 11 лица, а ранети 70.
Претставник на локалната полиција Еди Џонсон на прес-конференција изјави дека во две населби, каде имало престрелки, веќе се распоредени 400 полицајци. Уште 200 ќе бидат распоредени до викендот.
- Advertisements -
Џонсот истакна дека престрелката од пред два дена била пресметка меѓу банди.